ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку

Warning: session_start(): Cannot send session cookie - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: session_start(): Cannot send session cache limiter - headers already sent (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 426
Center for Civil Communications
Печати
PDF

Истражување за финансиските резултати на локалните јавни претпријатија

on .

МИЛИОНСКИ ЗАГУБИ, ДОЛГОВИ И БЛОКИРАНИ СМЕТКИ - ФИНАНСИСКИ  БИЛАНСИ НА ЛОКАЛНИТЕ ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Денес, 11 декември 2025 година, Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за финансиските резултати на локалните јавни претпријатија во земјава. Истражувањето открива дека:

  • Загуба оствариле повеќе од половина од локалните јавни претпријатија во земјава, односно 71 од 128-те претпријатија.
  • Вкупниот износ на загубите изнесува 17 милиони евра.
  • На првите три места според загубите се скопски, а на третото и четвртото место се битолски јавни претпријатија.
  • Во последните години растат и загубите и бројот на претпријатија со загуби.
  • Само првите 10 претпријатија со најголеми загуби, прикажале 77 % од вкупните загуби.
  • Вкупните долгови на локалните јавни претпријатија, мерени преку нивните краткорочни обврски, изнесуваат 193 милиони евра.
  • Долговите на 10-те најзадолжени претпријатија се 40 % од вкупните долгови на сите претпријатија.
  • На дури третина од локалните јавни претпријатија им е блокирана банкарската сметка.
  • Во локалните јавни претпријатија работат повеќе од 12.000 луѓе, иако бројот на вработени во последните неколку години благо се намалува.

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Печати
PDF

Истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството (2015 до 2024)

on .

ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО ТРОШИ СÈ ПОВЕЌЕ, А ДАВА СÈ ПОМАЛКУ

Денес, 11 ноември 2025 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за јавните набавки во здравствениот сектор во периодот од 2015 до 2024 година.

Истражувањето Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку покажа дека:

» Трошоците за јавни набавки во здравството во последните 10 години се зголемија два и пол пати, односно од 126 милиони евра во 2015 на повеќе од 315 милиони евра во 2024 година. Инфлаторните фактори не се доволни за да се објаснат огромните скокови во вредноста на набавките.

» Постои јаз помеѓу зголемената вредност на јавните набавки наспроти падот на дадените услуги во јавните здравствени установи што отвора сериозни сомнежи дека јавните набавки се користат како канал за финансиско извлекување средства, наместо како инструмент за унапредување на здравствената заштита.

Печати
PDF

Активна транспарентност 2025

on .

АКТИВНАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА МИНИСТЕРСТВАТА Е НАМАЛЕНА, А НА ОПШТИНИТЕ Е НА ИСТО НИВО КАКО И ЛАНИ

Денес, 16 септември 2025 година, Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 102 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти:

Печати
PDF

Истражување за јавните набавки на општините во 2024 година

on .

ОПШТИНИТЕ ЛАНИ ПОТРОШИЛЕ РЕКОРДНИ 190 МИЛИОНИ ЕВРА НА ТЕНДЕРИ, ГРАД СКОПЈЕ ЗА ПРВПАТ НЕ ПРВ НА ЛИСТАТА

Денес, 11 август 2025 година, Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за сите набавки на општините во 2024 година.

Истражувањето открива дека:

- Во 80-те општини и Градот Скопје во 2024 година склучиле вкупно 4.006 договори за јавни набавки во вредност од 11,7 милијарди денари, односно 190 милиони евра.